Над 400 заболени од грип во Гостиварско

Од:

Вкупната бројка на заболени од грип во Гостиварско надминува четиристотини. Кај пациентите кои побарале медицинска помош во ординациите издвоени се три типа на вирус што предизвикуваат грип.
Според епидемолозите од гостиварскиот Центар за јавно здравје, бројката на регистрирани случаи драстично е зголемена. Во третата недела на јануари регистрирани се 330.

Докажано е присуството на три вида на вирус. Со лабораторски анализи изолирани се два случаи на свински грип, два на сезонски и два од типот „Б“, информираат од Центарот за здравје во Гостивар.

Оттаму нагласуваат дека клиничката слика на заболените е полесна. Најголемиот дел од пациентите се лекуваат во домашни услови, а десетина случаи биле згрижени на Инфективното одделение во Гостиварската општа болница.

Минатата сезона во гостиварскиот регион, од грип беа заболени помалку од 500 лица.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела