Над 200 возачи казнети само во Скопје: Mинувале на црвено, возеле брзо во алхохолизирана состојба

Од:

Нови засилени контроли ширум Македонија од страна на полицијата. Министерството за внатрешни работи извести дека вчера само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за возачи почетници, 18 санкции за управување без возачка дозвола.

„Исто така, изречени се 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за користење мобилен телефон, три санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, 46 санкции за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат“, велат од МВР.

Оттаму апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Во Драчево казнети 218 возачи

А1он

Наставничка со дрвен предмет удрила 10-годишен ученик