Над 150 деца дел од едукативниот настан „Денот на Тесла“

Од:

Над 150 деца денеска беа дел од едукативниот настан што се одржа во изложбениот центар „Матка“ на ЕВН Македонија, а со кој беа одбележани 162 години од раѓањето на Никола Тесла.

Во рамки на „Денот на Тесла“ беше изведена претставата „Гига Мега Бајка“ од страна на Театарот за деца и младинци од Скопје, а се одржаа и креативна работилница за пишување, сликарска работилница и предавање за тема „Моќта на електрицитетот“. Во рамки на одбележувањето беше прикажан и документарниот филм „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“.

Учесниците имаа можност да изведат експерименти базирани на најважните пронајдоци на Тесла: радиопренос, безжичен пренос на енергија и високофреквентна наизменична струја, а помладите учесници изработуваа макети од лего коцки во духот на Тесла.

– „Денот на Тесла“ е само пример за тоа како преку современи и интерактивни образовни методи, светот на енергијата и иновациите можат да се приближат на најмладите“, велат од ЕВН Македонија.

Учеството на едукативниот настан беше бесплатно, а од страна на ЕВН Македонија беше организиран бесплатен превоз до Изложбениот центар Матка. Дел од „Денот на Тесла“ беа и децата од СОС Детското село. Покрај нив, на настанот учествуваа и децата од градинките „Сумнал“ и „Грин хаус“ од Скопје.

Изложбениот центар „Матка“, е сместен во зградата на старата хидроцентрала во Матка која датира од 1938 година. Центарот работи секој ден, освен понеделник, од 10 до 15 часот и во него има околу 30 интерактивни експонати и специјализирани водичи за тури на македонски, албански и на англиски јазик. Досега, Матка ја посетија над 10.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он