Националниот парк Маврово ќе се чисти од отпад

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“ денеска организираат чистење на Националниот парк Маврово, во рамки на кампањата „Македонија без отпад” за чистење на националните паркови како природно и културно наследство од исклучителна вредност.

Чистењето во НП Маврово ќе се спроведе од 10 до 14 часот на локациите фудбалски терени во село Маврово, ски-патеки, крајбрежје на Мавровско Езеро до црквата во вода.

Викендот активности од оваа кампања имаше во националните паркови Галичица и Пелистер.Целта на кампањата е да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

Во акцијата се вклучени управите на трите национални парка, општините Охрид, Ресен, Битола и Маврово-Ростуше, јавните комунални претпријатија, локалните здруженија на граѓани, туристичките и угостителски работници, планинари и алпинисти, Црвениот крст на Македонија, извидниците, колективните управувачи со отпад од пакување Пакомак и Еко клуб.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски