Начевски побара жителите на Бутел да гласаат според нивното убедување и волја

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ, Коста Начевски побара од граѓаните в недела да гласаат според нивното убедување и волја.

– Ја барам вашата поддршка и доверба, зашто Бутел заслужува иднина. Не дозволувајте нашата иднина и иднината на нашите деца да ни ја крадат фантомските гласачи. В недела излезете масовно и гласајте за проекти и за исполнителност, порача Начевски.

Тој ги повиика граѓаните да не дозволуваат да ги уценуваат и да им се закануваат.
Заедно со Начевски денеска во општина Бутел беше и пратеничката Радмила Шекеринска од СДСМ која побара од граѓаните в недела да го поддржат нивниот кандидат.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември