Началникот на Вооружените сили на Словечка во посета на Македонија

Од:

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, генерал Милан Максим, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија и АРМ.

Делегацијата на ВС на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ,  генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на посетата, генералот Максим, покрај  со началникот на ГШ на АРМ Величковски, ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Главни теми на официјалните разговори ќе бидат безбедносната состојва во регионот со осврт на емигрантската криза, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, информирање за  словачкото претседателство со ЕУ во 2016 година, тековната состојба како и унапредување на билатералната армиска соработка.

Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република, во текот на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС  Ѓорге Иванов, ќе го посети Центарот за обука на пилоти и караулата Богородица на македонско-грчката граница.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски