Началникот на ГШ Величковски во Лондон на Самит за оклопни возила

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од денеска е во работна посета на Обединетото Кралство, при што ќе учествува на 17. Меѓународен самит за оклопни возила, кој се одржува во Лондон.

Како што соопштија од АРМ, Величковски утре ќе има обраќање на панел-дискусија на тема „Предизвици со кои се соочуваат командантите на копнените сили, денес и утре, во целиот спектар на окружување“.

На панел-дискусиите на самитот обраќања ќе имаат еминентни стручни претставници на владини, армиски и производствени организации од оваа област меѓу кои и командантите на маринскиот корпус и командата за обука и доктрини на Армијата на САД, на копнените сили од вооружените сили на Обединетото Кралство и Италија, и други високи воени раководители од повеќе армии.

Самитот како најголем годишен состанок од оваа област во светски рамки претставува единствена можност за споделување различни искуства и совети, воспоставување меѓусебни конекции, како и можност да се проследат последните достигнувања во оваа важна копнена компонента во армиските структури.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски