Началникот на ГШ на АРМ во посета на БиХ

Од:

Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска е во дводневна официјална посета на вооружените сили на Босна и Херцеговина, соопшти Министерството за одбрана.

Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе има средба со својот домаќин, началникот на здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Анто Јелеч.

За време на престојот во Босна и Херцеговина, македонската воена делегација ќе ги посети припадниците од АРМ кои се во состав на мисијата на силите на европската унија за стабилизација „ЕУФОР-Алтеа“, при што генералот Величковски ќе се состане со командантот на мисијата генерал мајор Антон Валднер.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски