Началникот на ГШ на АРМ во официјална посета на Словачка

Од:

Можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка меѓу Македонија и Словачка, преку учество на воени вежби и курсеви за обука со користење на капацитетите со кои располагаат двете армии, беа теми на денешната средба на началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски за време на официјалната посета на Братислава.

Величковски, кој ја предводи делегацијата на АРМ во официјалната посета се сретна со началникот на ГШ на словачката армија Милан Максим и словачкиот министер за одбрана Петер Гајдош.

Тој беше пречкан со високи воени почести во Генералштабот на словачката армија, а на средбата, на која присуствуваше и персоналот на ГШ беа презентирани искуствата на словачката војска во процесот на зачленување во НАТО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски