Началникот на ГШ на АРМ Величковски се сретна со грчкиот амбасадор Лалакос

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски имаше протоколарна средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Теохарис Лалакос, соопшти денеска канцеларија за односи со јавноста на ГШ на АРМ.

Началникот на ГШ на АРМ меѓуармиската соработка со Република Грција ја оцени како исклучително важна, при што истакна дека во наредниот период таа треба да се проширува со нови форми и содржини. Укажувајќи на потребата од јакнење на регионалната соработка на полето на одбраната, генерал Величковски ја потенцираше заложбата за продолжување на проектите за билатерална соработка на АРМ со Вооружените сили на Република Грција.

Во изминатите 16 години, соработката со Република Грција во одбраната се одвива на полето на безбедноста и разузнавањето, обуката и вежбите, медицинското обезбедување, логистиката и опремувањето. На високите воено-образовни институции во Република Грција, се школувале неколку офицери и подофицери на АРМ.

Амбасадорот Лалакос нагласи дека соработката во областа на одбраната е од исклучителна важност и дека со нејзиното јакнење, Република Македонија и Република Грција, како две соседни држави, ќе дадат значаен придонес во регионалната стабилност.

На средбата присуствуваше и одбранбеното аташе на Република Грција во Република Македонија, полковник Николаос Арабацис.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната