А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Началникот на ГШ на АРМ на конференција во Сараево

by А1он04/06/2014 - 13:4598
Share0

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески  ги презентираше капацитетите и можностите на Центарот за обука на пилоти на осмата Конференција на началниците на генералштабовите на  армиите од балканските земји, што одржува денеска во Сараево.

Добивај вести на вибер

Учесниците на конферецнијата, според соопштението од Министерството за одбрана, покажале голем интерес за Центарот за пилоти.

На маргините од конференцијата, се очекува генералот Котески да оствари повеќе билатерални средби со своите колеги, началници на генералштабови кои учествуваат на конференцијата.

Присуството во Босна и Херцеговина, НГШ на АРМ ќе го искористи и за посета на македонскиот контингент во мисијата АЛТЕА сместен во кампот Бутмир, Сараево.

На конференцијата во Сараево, која ја отвори заменик министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Живко Марјанац, покрај началникот на заедничкиот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина генерал-мајор Анто Јелеч, како домаќин, учествуваат и началниците на генералштабови од Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. Како гости присуствуваат началникот на генералштабот на Вооружените сили (ВС) на Словенија, заменикот на НГШ на ВС на Хрватска, Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, заменикот на Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на ЕУФОР и командантот на НАТО штабот во Сараево.

На конференцијата се дебатира за понатамошното јакнење на добрите меѓусоседски односи и соработката на полето на одбраната во насока на зацврстување на безбедноста на Балканот и пошироко, како и продолжување на започнатите процеси за заемно справување со современите безбедносни предизвици, иницирани на претходните конференции.  Прифатена е иницијативата за изградба на заеднички способности за дејствување при елементарни непогоди.

arm

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:09

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски18/08/2025 - 09:5418/08/2025 - 09:54

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Горан Наумовски15/08/2025 - 13:30

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Горан Наумовски08/08/2025 - 11:28

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Горан Наумовски06/04/2025 - 13:44

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски28/03/2025 - 12:0528/03/2025 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен