Началникот на ГШ на АРМ Котески ги отвори спортските натпревари по повод Денот на АРМ

Од:

Спортот нека ве зближува, а во натпреварите нека победат најдобрите, им порача денеска началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески на припадниците на армијата, учесници во спортските натпревари кои се одржуваат на Воениот аеродром во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на АРМ – 18 Август.

– Спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој може само да придонесе да бидете се подобри во извршувањето на вашите задачи. Пoкрај тоа, спортот зближува, а целта на армијата е да биде една цврста целина, нагласи началникот на ГШ на АРМ, Котески.

Во наредните два дена ќе се одржат финалните натпревари во крос трчање, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг-понг.

Во досегашното натпреварување кое се одвиваше по гарнизони, во сите дисциплини учествуваа над 1.500, а во утрешното натпреварување ќе учествуваат околу 250 припадници на армијата.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски