Набавувачот на софтвер до Русковска: Повлечете го обвинението и кажете зошто ми понудивте да сведочам против Рашковски

Од:

Сопственикот на фирмата „Инвока груп“, Даниел Станчев, која ги набави спорните софтвери за мерење брзина на возила за Владата, тврди дека е невин. Нему не му е јасно ниту зошто бил држен во притвор. Упати и неколку прашања до Обвинителството, на кои бараше одговор, а меѓу нив и зошто бил во притвор, како и зошто му било нудено да биде сведок наместо обвинет. Додека тој зборуваше и упатуваше барања, Русковска се сврте кон него и го следеше во излагањето.

„Договорот е завршен и испорачан според сите процедури за јавни набавки. Како заклучок за тоа имаме аплицирано и како најевтин понудувач сме добиле договор. Обвинителство да одговори на прашањата зошто по две недели мое приведување во Шутка е дадена понуда за да сведочам против Рашковски без притоа да ми биде сменет статусот од обвинет во сведок. Во досегашната постапка јасно се гледа дека од второ осомничен веќе сум четврто осомничен според Обвинителство. Исто така јас скоро една година сум во домашен притвор. Дали јас сум обвинет поради неисполнување на договор или поради мојата семејна положба, ќе се утврди со доказите во постапката. Со оглед на тоа барам од Обвинителство да го повлече обвинението за мене бидејќи сметам дека сум невин од првиот ден кога е почната истрага“, рече Станчев.

Тој испорачуваше барања до Русковска, а со цел, како што рече, јавноста да знае повеќе детали за случајот.

„Јавноста е должна да ги има сите информации зошто сум јас држен до денешен ден во куќен притвор, зошто и дали под притисок бев држен во затворот во Шутка, дали Обвинителство цело време ми беа нудени спогодби да не бидат опфатени лица блиски до мене. Јавноста треба да знае. Исто така барам од судот да биде транспарентен и сите одлуки до сега што се објавувани од Кривичен суд, за моите притвори, да бидат јавно достапни на сајтот на судот, како останатите одлуки. Се друго што е наведено во Обвинението, кое не се однесува на мене не сакам да го коментирам“, додаде Станчев.

Адвокатот на Даниел Станчев, сопственик на „Инвока груп“ тврди дека неговиот клиент имал право да се јави на тендер и да даде понуда согласно распишаниот тендер, па така, не сторил ништо незаконски. Според него, сите ќе докажат, дека не биле во состојба да му помогнат на Рашковски да стори или не строи некакво дејствие затоа што генералниот секретар има овластувања и ингеренции: „Дали некое дејствие ќе преземе или нема, може да зависи само од неговата волја, а не од волја или дејствие на трето лице“.

„Бидејќи понудил најниска цена на софтверот, Комисијата за јавни набавки ја одбрала понудата на ‘Инвока груп’ како најповолна и му предложила на генералниот секретар да склучи договор. Во обвинението сака да се поентира со фактот што обвинетиот Даниел Станчев согласно склучениот договор доставил фактура до Генералниот секратаријат на Владата, а таа била платена без да биде имплементиран софтверот за определување просечна брзина на брзина и изрекување казна. Одбраната е сигурна дека се погрешни заклучоците на обвинението и затоа побаравме судот да нареди да се направи тестирање или испитување и презентација за функционалноста на софтверот за определување на просечна брзина на возила и изрекување на казна, во присуство на обвинетите, одбраната, судот и вештаците. Сигурни сме дека при презентацијата ќе се покаже и утврди дека софтверот е функционален, комплетен и применлив, а дека вештакот на Обвинителството, веруваме поради недоволно искуство, не успеал да утврди дека софтверот е комплетен. Одбраната е сигурна дека и од доказите на Јавното обвинителство ќе се утврди дека обвинението по однос на Даниел Станчев всушност претпоставува дека истиот му помогнал на првообвинетиот во сторување на кривичното дело“, кажа адвокатот на Станчев.

Обвинетите Ивица Димитровски и Игор Христов тврдат дека не му помагале на Драги Рашковски во незаконски дејствија. Ивица Димитровски се приклучи кон барањето на Рашковски да се направи јавна демонстрација на софтверот, дека постои и дека работи, иако тој се гони дека системот во пракса не функционира и дека не е имплементиран, како и за начинот на неговата набавка. Неговата адвокатка посочи дека се надева на ослободителна пресуда, иако процентот на вакви судски пресуди е мал.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена