На Универзитетот на ЈИЕ од септември интегрирани студиски програми со пракса

Од:

Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, Стопанската комора на северозападна Македонија и шест компании, денеска, потпишаа Договор за реализација на интегрираните студиски програми со праксата.

Со овој договор и практично од 15 септември, односно, во рамките на новата 2013/14 академска година ќе започне практиката за професионални студии во чии рамки 50 отсто од студирањето ќе се врши на Универзитетот, а 50 отсто во самите компании.

– Станува збор за германски модел за професионално студирање. Ова е прв показатал дека не сме сами во иницијативата за подобрување на човечките ресурси како основа за развој на локалната економија и интегрирање во глобалните економски текови. Шестте компании со кои потпишавме меморандум за сорботка се обврзуваат да ги стипендираат студентите што ќе се определат за овие програми и истовремено тие ќе имаат можност да се соочат и учествуваат во реалното работење на стопанските субјекти за време на своето образование. Имаме три насоки – менаџирање на компаниите, апликативен софтвер за ИКТ компаниите и современо менаџирање со банките. На секоја од овие насоки предвидуваме помеѓу 15 и 20 студенти за колку што имаме и кадар и технолошка поддршка за максимални услови, рече ректорот на УЈИЕ, Замир Дика.

Според претстедателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менедерес Кучи, проектот за професионални студии доаѓа како резултат на нивните долготрајни контакти со претставниците на Германската амбасада, која учествува во делумното финансирање.

– Ние сакаме да дадеме конкретен пример за образување на квалитетни кадри соодветни за потребите на бизнис секторот, односно блиски до стопанството со одржливи реални знаења и способности. Очекувам дека овие насоки набрзо ќе ги следат и останатите високообразовни институции во Македонија и регионот, рече Кучи.

Освен УЈИЕ и Стопанската комора на северозападна Македонија, денешниот договор беше потпишан и од компаниите-партнери Даути Комерц, Алма-М, НД Балкан, Вестерн Унион и Везе Шари.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска