На „Титаник 3” со видео-конференциска врска ќе биде сослушан сведокот од Германија

Од:

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за уништување на изборен материјал „Титаник 3“ против координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир, на кое треба со видео – конференциската врска со Судот во Германија да сведочи сведокот Ресмије Аземи.

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, по минатото рочиште рече дека за сослушување на сведокот Аземи освен денешното на 3 март се закажани судски рочишта и за 16 и 18 март.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска

Исмет Гури и Ејуп Алими осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Ана Ололовска

По две години судење, денеска пресуда за „Титаник 3“

Ана Ололовска

„Титаник 3“ се одложува за 25 март поради коронавирусот

Ана Ололовска

Ново рочиште за „Титаник 3”

Ана Ололовска