На тапет работата на Советот за радиодифузија

Од:

И денеска се најавува жесток собраниски ден. На тапет пред пратениците ќе биде извештајот за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2011 година.

За опозицијата спорно е проширувањето на Советот, бидејчи велат, со ова се отвори пат за партиска превласт. Потсетуваат со надгласување зе прва пат на една телевизија, А2 и е одземена лиценцата поради неусогласеност на програмската шема.

На дневен ред се и годишните извештаи за Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2011 година; Агенцијата за електронски комуникации за 2011 година; на Државната комисија за спречување на корупцијата .

Како последна точка е и барањето за давање автентично толкување на член 64 став 2 од Изборниот законик, поднесено од пратениците: Фијат Цаноски, Рејхан Дурмиши, Мевмет Џемајлоски. Тие бараат да го остварат своето уставно право и да можат да гласаат според баденетровиот принцип.

 

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова