На „Табановце“ за влез во државава се чека околу половина час

Од:

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ соопшти и дека од вчера попладне е нормализиран сообраќајот на тешки моторни возила на излез од земјава, од БП „Дизел” кон ГП „Блаце”.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути