На „Табановце“ за влез се чека 60 минути, а на „Богородица“ за излез 40 минути

Од:

На Граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека од 40 до 60 минути, а на Граничниот премин „Богородица“ за излез од 30 до 40 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од 1 јули започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и тоа во петок од 17 до 22 часот, сабота од 09 до 18 и недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и лесно расиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути