На „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути до еден час

Од:

На Граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути до еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопштија од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забрана за тешки возила има од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија, а се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути

На „Табановце“ се чека половина час за излез од Македонија

А1он

Гужва на „Табановце“, се чека 30 минути

На „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути