На граничниот премин Табановце за излез од Македонија се чека околу половина час, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.