На „Табановце“ се чека околу 20 минути

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

Гужви на „Табановце“ и „Богородица“

Горан Наумовски

ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

На „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути