На сред кампања нацрт-урбанистички план за Богданци

Од:

Во екот на предизборната кампања, Советот на Општина Богданци и градоначалникот на истекот од мандатот подготвуваат Нацрт-генерален урбанистички план за град Богданци.
Нацрт-документот е веќе изложен на јавна расправа со одлука на градоначалникот во заминување од вчера, 11 март, и ќе трае наредните десет дена, што значи до крајот на изборната кампања.

Површината на планскиот опфат, според нацрт-документот, изнесува 388,3 хектари.

Од Општината информираат дека Нацрт-генералниот урбанистички план на град Богданци ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина и на огласната табла во Општина Богданци.

„Тоа што им текнало да го урбанизираат Богданци е во ред, но што работеле четири години од нивниот мандат, па на сред избори се развреднија“, изјавуваат од опозицискиот СДСМ.

„Ова не е во согласност со Законот за локални избори, да се држат седници, да се носат одлуки, да се изведува јавна расправа во период кога траат предизборните активности, односно кампањата за локални избори 2013. Или, сè е возможно за власта, која не ферма закони за да оствари изборен резултат“, додаваат од опозицијата во Богданци.

Bogdanci tekst1

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември