На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

Од:

На скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8. Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.

Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“, Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете.

Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега примени се 31 лице, има и малолетници. генерално сите со изгореници.

Во ГОБ „8. Септември“, примени се 17 лица. На Детска хирургија четири лица.

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се очекува да даде изјава за медиумите за трагедијата.

На местото на несреќата е и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

Би можело да ве интересира

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше: Работев како келнер без договор кобната вечер

Судијката во процесот „Пулс“ – Груевска Илиевска порача: Редот и правото на одбрана се основа на фер судење

Горан Наумовски

Наунов: Адвокатурата има клучна улога, но мора да се почитува траумата на семејствата

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“