На штипскиот Правен факултет отворена најсовремена модел-судница

Од:

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска во присуство наамбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, претседателот на Судскиот совет, Александра Захариевска и проректорот на универзитетот, беше отворена модел судница, која ќе служи за практична настава на студентите, но и за редовните обуки на судиите и обвинителите од штипското Апелациско подрачје.

Амбасадорот Волерс истакна дека реализирањето на овој значаен проект за студентите е реализиран со помош на од УСАИД – Агенцијата на САД за меѓународен развој, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Стејт Департментот на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Ова ќе биде младинска судница, каде што студентите ќе можат да ги унапредуваат практичните вештини и да се тренираат за идни судии, обвинители и адвокати, изјави Волерс.

Амбасадрот на ОБСЕ, Брет истакна дека реализирањето на модерната модел судница е резултат на добрата соработка.

– Мора сите можности да се искористат до крај за да се унапреди судството и да се искористат сите модерни методи за да се постигнат подобри резултати, вели Брет.

Проректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев вели дека реализацијата на практичната судница на Правниот факултет е во насока на модернизација на едукацијата, а од друга страна овој факултет да го отворат кон судиите и обвинителството со цел да имаат поголема практична настава.

Деканот на Правниот факултет, Јован Ананиев истакна дека модел-судницата е опремена со најсовремена опрема за тонско и видео снимање на судски постапки, систем за видео-конференцискаврска и одржување на предавања на далечина и систем за заштита на сведоци.Судницата е единствена од ваков карактер во Република Македонија и е наменета зареализација на практични вежби на студентите на Правниот факултет преку симулација на судења, за обука на судии и јавните обвинители од страна на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ, како и за одржување на судења на Основниот и Апелациониот суд во Штип.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро