На седницата на Советот на општина Кичево се дискутираше за употребата на знамето

Од:

Четвртата седница на Советот на општина Кичево денес имаше обемен дневен ред со 28 точки, од кои посебен акцент се стави на точката за употребата на знамето на албанската етничка заедница.

Дилемата беше дали воопшто има потреба Советот на општина Кичево дискутира за тнешто што е право загарантирано со Уставот.

Точка на дневниот ред гласеше: „Предлог-одлука за употреба на знамето на албанската етничка заедница во јавниот и службениот живот на територијата на Општина Кичево“.

За ова советничката Јана Констандиновска рече: „Имајќи ја на дневен ред оваа точка, барам одлуката да се дополни со уште една порчлен во кој ќе се цитира членот 5а на Уставот каде што употребата на знамето на албанската етничка заедница ќе биде во согласност со Уставот и државното знаме на Република Македонија да биде со поголеми димензии, како што предвидува Законот“.

Таа имаше дебата со секретарот на општината: „Мислам дека нема потреба да се дополни одлуката со потчлен, кога Законот е многу прецизен и ја дефинира добро оваа работа“.

На крај, Советот дојде на заклучок да се додаде точка во која ќе пишува: „Димензиите на знамето да бидат во согласност со законите“.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски