На регионалниот пат Ропотово-Дебреште загина 29 годишен маж

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Ропотово-Дебреште вчера загина 29 – годишен маж од село Секирци, прилепско.

Од МВР денеска соопштија дека вчера околу 18:30 часот Г.Ѓ.(29) од с.Секирци-прилепско, управувајќи патничко возило „БМВ“ со прилепски регистерски ознаки излетал од патот и се превртел при што истиот починал на самото место, а сопатникот О.М. со телесни повреди бил пренесен во Општата болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски