На различни локации во Скопје вчера се пронајдени безживотни тела на тројца мажи

Од:

МВР информира дека вчера наутро во 09.27 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, е пронајдено тело на починато машко лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Само неколку часа подоцна, во 13.21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром е пронајдено тело на починато машко лице.

По преземени мерки и извршен увид и се констатираше дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27 минатиот месец беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Половина час подоцна, во СВР Скопје е пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош е пронајдено починато машко лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он