А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На продажба пет детски одморалишта

by А1он20/10/2014 - 14:23148
Share0

Владата во декември годинава на електронска јавна аукција ќе понуди на продажба шест детски одморалишта кои се во сопственост на државата. Пет од нив и по продажбата треба да ја задржат дејноста туризам, а едно да биде пренаменето во дом за згрижување стари лица.

Добивај вести на вибер

На продажба се детските одморалишта Ѓуриште во Свети Николе, Шула Мина во Крушево, Суви Лаки кое се наоѓа меѓу Берово и Струмица, Николиќ во Дојран и Малешево во Берово, кои треба да ја задржат дејноста туризам и поранешното детско одморалиште во Пехчево кое новиот сопственик по купувањето во рок од 24 месеци ќе треба да го пренамени во пензионерски дом.

За таа цел минатата недела Владата објавила оглас во кој се наведени информации за објектите кои се на продажба, како и нивната почетна цена од која ќе почне јавното наддавање.

Одлуката за продажба на детските одморалишта, како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е донесена согласно стратешките определби на Владата за развој на туризмот во Македонија.

– Цениме дека ова е добра можност за остварување деловен потфат од страна на компаниите, бидејќи овие одморалишта во минатото имале препознатлив бренд, кој и ден денес постои. Можеби е избледнет, но, сепак постои. Локалната заедница ги познава како такви, има искуство со практикување ваква дејност и има и обучена работна сила која би можела да биде ангажирана. Тоа е добра основа за реализација на еден квалитетен деловен потфат кој може да донесе и профит за компаниите, но и да отвори нови работни места, што е стратешка цел на Владата, рече Ѓорѓиев.

Во објавениот оглас, додаде, ги има најголемиот дел од податоците битни за донесување одлука од страна на приватниот бизнис. Заинтересираните може да добијат дополнителни информации на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика, но и на директна телефонска линија.

Портпаролот на Владата информира дека почетната цена на Ѓуриште во Свети Николе, со површина од 1.060 метри квадратни, е околу 57 илјади евра, на Шула Мина во Крушево, со 1.216 метри квадратни, околу 75 илјади ева, а на Суви Лаки, кое се наоѓа меѓу Берово и Струмица и има 3.445 метри квадратни, околу 170 илјади евра. Детското одморалиште Николиќ во Дојран, кое има 6.082 метри квадратни, ќе се продава со почетна цена од околу 315 илјади евра, а Малешево во Берово, кое има околу 4.000 метри квадратни, со почетна цена од 515 илјади евра.

Петте дома кои треба да ја задржат дејноста немаат временско ограничување во кое би требало да ги почнат градежните активности. Ѓорѓиев информира дека за нив важат општите законски услови во кој период треба да започнат градежните активности и да се завршат.

vlada

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто