На преминот Морина уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

Од:

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница распишана од белгиските власти е уапсен на преминот Морина на албанско-косовската граница, кај Кукс.

-На влез на граничниот премин Морина, службите на граничната полиција, како резултат на зголемени мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа лицето Џелал Ферати (38), жител на Скопје, Северна Македонија, баран со меѓунродна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, стои во соопштението.

Се додава дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, е утврдено дека македонскиот државјанин е прогласен за меѓународно барано лице од Интерпол Брисел, Белгија, откако тамошните судски органи го осудиле на три години затвор за споменатите кривични дела.

Полицијата информира дека на крајот од истражните дејствија на стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Кукс, извршиле привремено апсење на Ферати, со цел негова екстрадиција во Белгија, врз основа на „Европската конвенција за екстрадиција“ од 1957 година.

Пред три дена Ф.В.(39) од селото Велешта, Струшко, беше уапсен на преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако на влез на албанска територија било утврдено дека се бара со меѓународна потерница распишана од бразилските власти, поради трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он