На подрачјето на Скопје вчера 11 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и тројца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив седум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, осум возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во Основното и Подрачно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кои се наоѓаат на територијата на општина Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници. 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он