На подрачјето на Скопје 14 сообраќајки за 24 часа, пајакот отстранил 50 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден мотоциклист.

Се случиле и три незгоди со последица тешки телесни повреди.

Првата се случила 20 минути по полноќ на ул. „Московска“ во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Втората незгода се случила во 7 часот и 30 минути на бул. „Кочо Рацин“ во која учествувале патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Струмица. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Третата незгода се случила во 14 часот и 40 минути на бул. „Александар Македонски“ во која учествувале три патнички моторни возила „фолксваген пасат“, „форд“ и „шевролет спарк“. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „форд“, а со полесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „фолксваген пасат“.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи за непрописно претекнување, девет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 20 возачи ги управувале возилата по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи кои не го носеле заштитниот шлем за време на управување на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни предавања во детската градинка „Мајски цвет“, објект „Тафталиџе“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски