На петти јули 2021 година во просториите на Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање, информира Општина Центар.
-Договорот кој ќе биде предмет на раскинувањето се однесува на просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градскиот Ѕид. Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012-та година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и НИКОФОН Дооел. Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија од декември 2018-та година, овој договор беше предаден на надлежност на Општина Центар-Скопје, се додава во соопштението на Општината.
„Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскин на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд. Од причини што реализацијата на договорот со тек на време стана неизвесна и невозможна, преземени се чекори за раскинување на договорот“, се вели во соопштението на Општина Центар.