Куманово во овој пеколно топол ден, ќе остане без вода. Без капка вода се централното градско подрачје на Куманово, повисоките делови од градот и сите државни институции.
Намален е дотурот на вода од Липковските акумулации до Филтер станицата . Но, причина секако е и зголемената потрошувачка на вода , меѓу другото и за полевање.
„Се додека Водостопанство не го пушти цевководот на бај-пас нема начин да се обезбеди вода за целиот град. Од неопходните 350 до 380 литри во секунда за нормално водоснабдување, ние во овој момент од Водостопанство добиваме само 180 литри во секунда вода, и обезбедуваме дополнителни 100 литри во секунда, од пумпните станици во Бедиње и Проевце“, вели директорот на ЈП Водовод, Виктор Божиновски.
Од Водостопанство пред еден месец најавија дека доколку ЈП Водовод не ги плати сметките и не обезбеди сретства да се поправат цевките по кои се губи водата , нема да го пуштат дополнителниот водовод .