На педофилот што сексуално злоставуваше петгодишно дете му се заканува затвор од најмалку 12 години

Од:

Обвинителството до судот поднесе обвинителен акт против лицето кое изврши полов напад врз дете во Прилеп.

„Обвинетиот, во јули годинава, во паркот кај здравствениот дом во Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка“, појаснуваат од јавното обвинителство.

За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години. Истовремено поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП

Педофил нападнал три годишно дете во Дебар маало, успеал да го соблече пред мајката да повика полиција

А1он

Во Грција ослободен кошаркарскиот тренер – педофил

ВИДЕО: Уапсени осум педофили – децата жртви ги наоѓале на социјалните мрежи

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Татко убил педофил, синот убиството го гледал на телевизија

Горан Наумовски