На пат рано наутро или доцна навечер

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. На граничниот премин Богородица задржувањата за влез и за излез од државата се од 30 до 60 минути .

Oваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

На сите возачи им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Посебна внимателност е потребна на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде има можност за појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес каде се одвиваат работи на реконструкција на патот, за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Веќе е во сила посебен режим на сообраќај во двата правци на патот Гостивар – Охрид. . Забраната за движење на тешки товарни возила ќе важи до 31.08. Тешките товарни возила (со над 7,5 тона вкупна маса) нема да смеат да се движат во интервалите од 15:00 до 24:00 часот секој петок и од 07:00 до 24:00 часот секоја сабота и недела.

И уште една препорака:oние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска