На отворен ден со градоначалникот Трајановски, но со однапред закажан термин

Од:

Канцеларијата на градоначалникот на град Скопје, денеска објави дека ќе ги отвори своите простории за сите граѓани кои имаат проблем и сакаат истиот лично да му го пренесат на Коце Трајановски.

Но, наместо ширум отворени порти за она што беше најавено како отворен настан, едвај 30-тина граѓани дојдоа во просториите на град Скопје и тие повикани лично преку службите да дојдат. Од оние кои низ месеците доаѓале да се пожалат, градоначалникот направил селекција на кои ќе ги прими.

„Граѓаните сами доашаат во предната канцеларија во ткеот на целата година. И од тие луѓе ние правиме селекција, на оние на кои најмногу им е потребна нашата помош, на оние кои не можат самите да го решат проблемот со нашите служби“, изјави градоначалникот.

А граѓаните на оние на кои навистина им се отворија вратите на отворениот ден со градоначалникот со најразлични поплаки до него.

Угостител од старата скопска чаршија се пожали дека имаат одобрение од градот за користење на терасите пред нивните објекти, но истите им се нелегално узурпирани од други угостители кои не платриле и сега тие не можат да ги користат.
Жител пак на скопското село Кучково се пожали дека имаат голем проблем со водоснабдувањето, во надеж дека градоначалникот ќе може да помогне.

Сепак Трајановски посочи дека со граѓаните не се среќавал само на отворениот ден. Сите граѓани кои ќе дошле и побарале средба, тој зависно од итноста на нивниот случај ќе одлучел кога ќе ги прими.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он