На македонските аеродроми лани за 8,7 проценти повеќе патници од 2011

Од:

Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 проценти во однос на бројот на патници 2011 година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде лани биле превезени 828.831 патници што е за 9,1 процент повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5 проценти во однос на претходната година е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници.

Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13 проценти повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.

– По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски