На магистралата Гостивар-Кичево „поло“ удрило во коњ, потешко повреден сопатник

Од:

Гостиварец се задобил со тешки повреди откако возилото со кое возел налетало на коњ, што слободно се движел по коловоз.

Според СВР Тетово, ноќеска (29 декември), половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно. Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М.(48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била прижена во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Годинава, по гостиварските сообраќајници имало 16 несреќи предизвикани од животни. Од нив најмногу, десет биле со кучиња, две со коњи. Возачите имале и “блиски средби“ со дива свиња, јазовец, срна и една овца.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он