На Криволак показна вежба за затворање на меѓународниот воен камп

Од:

На Армискиот полигон Криволак – стрелиште Брест, по повод свеченото затворање на меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013“, денеска ќе се одржи показна тактичка вежба на тема: „Мултинационални сили за задача (чета) во изведување на операции за поддршка и стабилизација”.

Оваа показна вежба е последна фаза од кампусот на кој питомците и студентите имаа можност да се стекнат со одредено академско ниво во доменот на пост-конфликтните операции, а особено од меѓународно-правните и дипломатски аспекти на напорите за градење на мир во рамки на меѓународните организации како НАТО и ЕУ.

Покрај тоа учесниците на кампусот се запознаа и со дел од мерките, постапките и напорите за справување со дополнителни предизвици кои се надвор од мисијата, како што се хуманитарни операции, справување со елементарни непогоди, работа со медиумите.

Показната вежба може да се проследи онлајн на линкот http://ms.ugd.edu.mk.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски