На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

Од:

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.

Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

Операцијата беше во два акта во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски.

Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески.

За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева.

Во операционата сала активно придонесоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска.

Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност.

Би можело да ве интересира

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено