А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На Ќафасан откриени 39 килограми марихуана

by А1он19/03/2013 - 13:29167
Share0

Специјалните единици на Царинската управа во соработка со полициски инспектори на граничниот премин Ќафасан во македонски камион кој пренесувал собни врати за Швајцарија открија и запленија околу 39 килограми марихуана.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира Царинската управа, вчера околу 14:20 часот на граничниот премин Ќафасан за излез од Република Македонија се пријавил камион со македонски регистарски ознаки управуван од лицето В.К. од село Ливада, Струшко. Камионот бил натоварен со мебел, прозори, врати и гранитни плочки наменети за извоз за физичко лице од Швајцарија. Поради немање на соодветни услови за детален преглед, возилото и стоката во него со царинска придружба се пренесени до царинскиот терминал во Струга.

– При деталниот преглед, царинското куче дало индиции дека во внатрешноста на 20-те собни врати има наркотична материја, поради што една од вратите е избушена со бургија и во неа е пронајдена непозната зеленкаста тревкаста материја. Останатите 19 врати биле рачно скршени и од нив се извадени вкупно 71 паковка полни со марихуана, завиткана во прозирна најлонска амбалажа, соопшти Царинската управа.

Дрогата, возилото и прекршителот се предадени на Одделот за нелегална трговија со дрога при МВР за понатамошно постапување. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за трговија со дрога.

droga

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео