На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час

Од:

На граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека 40 минути, а на „Богородица“ 30 минути

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Предраг Петровиќ

На Табановце се запали „БМВ“ во движење

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути