На граничниот премин Делчево во возило пронајдени 295 кутии цигари

Од:

Граничната полиција и цариниците од испоставата Делчево, на тамошниот граничен премин при вршење на контрола во специјално изработен бункер пронашле 295 кутии цигари.

МВР соопшти дека на излез од Македонија на ГП „Делчево“ при вршење детална контрола на возило „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(28) од Делчево во специјално изработен бункер, под задното седиште од возилото, пронајде 295 кутии цигари со македонски бандероли. Од нив 99 кутии се марка „Јорк”, 79 „ЛД”, 67 „Родео” и 50 „Дива слимс”.

Возилото и пронајдените цигари во него се одземени и преземени од страна  на Царинската испостава Делчево за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција