На граничниот премин Богородица за излез се чека 30 минути

Од:

На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што информираат од АМСМ, од вчера затворена е една лента од мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево, поради поголема безбедност на сообраќајот. Темелите на мостот на Црвенска река беа оштетени од поплавите кои на 14-ти овој месец ги зафатија Делчево и околината. Затварањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

-Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон село Варовиште и село Градец. Исто така, во село Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, се наведува во соопштението.

Од АМСМ до учесниците во сообраќајот препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски