Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање (влез и излез) од државата е околу 40 минути, а на ГП Богородица (излез) околу 30 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.