На Ѓавато забрана за тешки возила

Од:

На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, Стража, Дебар, Битола, Македонски Брод и Железнец, кој не се задржува на коловоз. Врнежи со поголем интензитет на снег, кој се задржува на коловоз, паѓа во Маврово, Крушево, Буково, Плетвар и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Внимателно возење е неопходно и на патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, каде поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.

Поради голем одрон на патниот правец Р-2132 Македонски Брод – Скопје, поточно Близанско – Козјак на 1,6км после браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.

Сообраќајот на патниот правец Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излеана вода од река Вардар на подвозникот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Битола-Старавина Р-1311, 8 км. пред село Новаци затворен е за сообраќај поради висок водостој.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска