На „Деве Баир“ уапсен турски државјанин откако покажал „невистинити документи“

Од:

Турски државјанин е уапсен вчера на Граничниот премин „Деве Баир“, откако на границата покажал „невистинити документи“ за приколка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена проверка на Б.М. (60) од Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со турски национални ознаки, било констатирано дека меѓународнaта зеленa картa за товарното возило и зелената карта за полуприколката што ги доставил на увид биле со невистинита содржина, посочуваат од МВР.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР