На „Богородица“ за излез од државата се чека половина час

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата напатиштата.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски