На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила, утрово времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Oва посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

Избегната е несреќа на „Табановце“: Возач на „пасат“ удри во метален столб за видеонадзор

Горан Наумовски

На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека еден час за влез во државата

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час за влез во државата