На Бит-пазар одземени над 1000 парчиња пиротехника, контролирани 18 пазари

Од:

На Бит-пазар во Скопје се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиотехника во тек на акциска контрола, што ја спровела полицијата вчера од 10 до 16 часот во соработка со пазарните инспектори на подрачјето на СВР Скопје, каде контролирале вкупно 18 пазари.

– Од страна на единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет крстосници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит-пазар, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од преземените дополнителни мерки и активности на локациите што биле опфатени со акциската контрола биле констатирани 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он